КУРШУМЛИ – АН

Кога станува збор за времето кога е изграден Куршумли – ан, скоро и да не постојат веродостојни и сигурни податоци кога е изграден. Но, ако се гледа неговата градба може да се заклучи дека по суштествените елементи личи на објектите изградени во Скопје и во разните центри на Отоманското царство. Затоа, како претпоставка на изградба се дава ⅩⅤ век. Куршумли – ан ја зачувал во добра состојба својата коњушница, за разлика од другите кои биле оштетени или уништувани.

 

            Во коњушницата можело да се примат 100 коња, а пак внатре, во анот, имало релативно мали соби, кои по својот обем можеле да послужат само за преноќување. Во приземјето можело да се смести стоката на патниците.[1]

 

            Во 1878 година, анот бил претворен во затвор. Првите затвореници биле македонски револуционери, а просторот бил преполн со бесилки, каде турските власти ги извршувале смртните казни. Пред Втората Светска војна, Куршумли – ан бил претворен во Лапидариум на Археолошкиот музеј. Тука има бројни скулптури, надгробни споменици и многу остатоци од материјалната и историската култура на град Скопје.

[1] Балабанов К., “Скопје и старата скопска чаршија”, Југореклам, Скопје, 2012 година