СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН

Во Манастирот Св. Пантелејмонт започнала ренесансата во фрескосликарството 140 години пред појавата на ренесансата во Италија. Според натписот, црквата ја подигнал  принцот Алексеј Комнен, син на Константин Ангел и Теодора Комнен, керка на византискиот император Алексеј I. Принцот, невообичаено, го истакнал ова презиме на мајка си, поврзувајки се на тој начин со владетелската фамилија.

Според архитектурата на црквата, можеме да посочиме дека таа содржи цариградски концепт, но дека во нејзиното градење учествувале домашни мајстори. Црквата е изведена како впишан крст со пет куполи. Ваквиот тип на цркви најчесто се поврзуваат со цариградската црква Неа, денес позната само според описите и стари цртежи. По својата просторна диспозиција забележлива е идејата ктиторот монументалноста да не ја бара во големината на црквата, туку во нејзината хармонија и пропорција. Крајниот резултат е дело што се вбројува во значајните остварувања на византиската архитектура. Таа извршила влијание врз подоцнежната појава и градење на петкуполни цркви во Македонија.

Црквата со манастирските конаци биле оштетени од силниот земјотрес во 1555 година тогаш се срушил нартексот, а бил уништен и живописот во некој од сводовите.

Благодарение на рускиот историчар на уметноста Николај Окуњев, во 1926 година беше откриен оргиналниот живопои под слојот на живописот од XIX век. Во првата зона претставени се фигурите на светители, насликани си снзибилност и реализам својствени на ова сликарство. Тоа е галерија на светители, свети воини во цел раст со наоружување на себе, дополнета со ликовите на светителите во медаљоните. Како репрезенти можат да се посочат ликовите на светите врачи Кузман и Дамјан.

Патронот на Нерези, Св. Пантелејмон, добил почесно место под украсниот лак со штукатура на иконостасот. Во ова сликарство полно со идеализирана младешка убавина, ликот на Св. Трифун претставува ремек дело на сликарството од комненскиот период.

Повисоките зони на наосот, исполнети се со сцени на Христос и Богородица.  Тука треба да се споменат: “Сретение”, ”Воведение”, ”Влегувањето во Ерусалим”, ”Симнувањето од крстот” и  секако ”Оплакувањето на Христос”.

Преку композицијата  на ”Оплакувањето на Христос”, се претставува сцена долго позната во средновековното сликарство. Сепак, ниеден сликар пред нерешкиот, не успеал да создаде така експресивно дело. Композицијата е преполна со чувства, поддржани со склоп на линии, ставови и движења. Поодамна е забележана и специфичната структура на оваа сцена во Нерези. Фигурите што се поставуваат во сцената формираат еден лак со основа на Христовото и Јовановото повиено тело како мост, што ги поврзува двата краја на композицијата. Кон тој склоп се потчинуваат линиите и драперите на телата на облеката.

Својата концепција за прикажување на личности и сцени полни со драматизам, сликарот од Нерези ја поставил и во сцената ”Симнувањето од крстот”. Во сцената ”Влегувањето во Ерусалим” и ”Воведение на Богородица во храм ”, повторно ја среќаваме галеријата на продуховени и реалистички конципирани ликови. 

Сликарството во црквата е дело на повеќе мајстори, од кои двајца биле главни. Главниот сликар и првиот помошник, дошле од Цариград, а неговите дела се гореспоменатите ликови и композиции. Сликарвото на црквата Св. Пантелејмон во Нерези, стои во редот на врвните остварувања од Комненската епоха