КАЛЕ – СТАРАТА СКОПСКА ТВРДИНА

 

 

            Првите знаци на живот на Скопското Кале се забележани на преминот од неолитот во бронзеното време, кога почнале да се градат и првите колиби на праисториската населба. За време на катастрофалниот земјотрес во 518 година, настрадале 24 утврдени населби, меѓу кои и античкиот град Скупи.[1]  

            Подоцна, преживеаните жители по земјотресот,  го одбрале Калето како нова локација за живот. Според најновите истражувања, денешната средновековна тврдина настанала во времето на македонскиот цар Самоил, кон крајот на Ⅹ и првите години на ⅩⅠ век. Со појавата на огненото оружје, тврдина се приспособува за повеќе намени (направени се пушкарници и платформи за топови. На ова место, имало и магацин, барутани, воена болница и затвор. Во 1963 година, катастрофалниот земјотрес му нанесува големи штети на стариот утврден град, па биле преземени мерки за конзервација и реставрација на неговите ѕидови.

[1] Балабанов К., “Скопје и старата скопска чаршија”, Југореклам, Скопје, 2012 година