МАРКОВ МАНАСТИР

 

            На 20 км од градот Скопје, во близина на селото Сушица, се наоѓа Марковиот манастир. Името го добива според Марко – неговиот ктитор. Ако се спореди историјата на овој манастир со останатите во околината на градот Скопје, може да се каже дека е многу побогата и во хронолошките записи многу се пишувало за Марковиот манастир. Како интересен податок се спомнува дека токму тука, во почетокот на ⅩⅨ век престојувал Кирил Пејчиновиќ, просветителски автор, кој заедно со Јоаким Крчоски, ги пишувале своите дела на народен јазик и се први претставници – писатели на современата македонска книжевност.

 

            Манарковиот манастир е посветен на Св. Димитрија. Градењето го започнува таткото на Марко, кралот Волкашин во 1346 – 1347 година, а ја живописал кралот Марко, во 1376 – 1377 година.[1]

 

            Освен црквата, во самиот комплекс на манастирот има трпезарија и конаци. Во неговата близина има уште две мали цркви, едната е посветена на Св. Богородица, а другата на Св. Архангел.

[1] Прирачник – курс за туристички водичи, Универзитет “Св. Климент Охридски”, Факултет за туризам и угостителство, Охрид, 2008 година, стр. 204