МУСТАФА – ПАШИНА ЏАМИЈА

            На старо христијанско место, источно од влезот на Калето се наоѓа Мустафа – пашина џамија. Изградена е во 1492 година, а тоа го докажува мермерната плоча со арапско писмо. Во североисточниот ѕид на џамијата е погребан Мустафа – паша, кој бил угледна личност меѓу турскиот народ. Таа е наголемата сочувана џамија во Македонија. Се претпоставува дека целиот комплекс имал народна кујна и училиште.