МИЛЕНИУМСКИ КРСТ

Пешачките патеки низ природната убавина на планината Водно поминувајки покрај Поштенскиот дом, ќе ве одведат до самиот врв Крстовар од каде што ќе можете да се восхитувате на прекрасниот поглед на Милениумскиот крст.

  Милениумскиот крст симболично го означува јубилејот 2000 години од христијанството. Крстот е бетонска основа од мали столбови (12 апостоли) и големи (4 евангелисти) со 66 метри конструкција поделена на 33 делови (години на Христос). Милениумскиот крст се наоѓа на врвот на планината Водно (1.066 метри надморска височина), непосредно над градот Скопје. Пуштен е во 2002 година и претставува највисок објект во Македонија.